Премиерот на Косово, Ррамуш Харадинај, тврди дека Србија нема да се осмели да испрати свои сили на Косово, а доколку тоа би се случило, Косово би го бранеле САД.
„Србија не се осмелува да испрати своја војска на Косово. Доволно би било само еден американски војник да е тука пристуен. САД во таква ситуација ќе не поддржат“, рекол Харадинај во четвртокот за приштинскиот сајт Insajderi.com.