Жителите на Хаваи се простија од Абигејл Киноики Кекаулике Кавананакоа, позната како „последната принцеза“ на оваа островска сојузна американска држава. Ковчегот со покојната 96-годишна наследничка беше јавно изложен вчера во палатата во центарот на Хонолулу, којашто, инаку, е одржувана од богатството на благородничката.

Портпаролот на семејството, Керолин Витерспун ја нарече поворката „исклучително емотивна“, велејќи дека „редот бил едноставно прекрасен“.

Палатата е единствената кралска резиденција во САД. Таму живеело хавајското владетелско семејство Кавананакоа пред и откако островите во 1959 биле инкорпорирани како американска сојузна држава.

Хавајската принцеза почина во својот дом во Нуану, близу центарот на Хонолулу, на 11 декември. Починала „мирно“, со сопругата Вероника Гејл Кавананакоа крај неа, според соопштението за јавноста.

„Абигејл ќе биде запамтена по нејзината љубов кон Хаваите и народот“, изјави нејзината сопруга во известувањето, додавајќи: „Ќе ми недостига со сето мое срце“.

Кавананакоа немаше формална титула, но се смета за принцеза бидејќи потекнува од кралското семејство кое некогаш владеело со Хавајските Острови. Таа беше симбол на националниот идентитет на нејзиниот народ што опстојувал и се зајакнувал и откако кралството било укинато во 1893 година.