Европската Унија може да воведе финансиски ограничувања за Унгарија поради законот за забрана на дистрибуција на содржини во училиштата, за кои се смета дека ја промовираат хомосексуалноста и промена на полот, изјави денеска еврокомесарот за еднаквост Хелена Дали.

Говорејќи непосредно пред унгарскиот парламент да го донесе законот и да ја одобри забраната, Дали за Ројтерс изјави дека Брисел е подготвен да преземе мерки слични на оние наметнати на полските региони кои се прогласија за „области без ЛГБТ“.