Во комбинатот ОХИС во Скопје има „хемиска бомба“ од околу осум тони жива, која десетина години е оставена да тече по погонот за електролиза, да испарува во воздухот и да понираат во почвата, а натаму и во подземните води.

Живата е течен метал кој предизвикува несогледиви последици врз здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина.

Според документ кој го објавува весникот Слободен печат, за време на производството во фабриката во околината биле ослободени вкупно 400 тони жива, поради што денес е контаминирана пошироката област од 6.200 квадратни метри.

Подземните води околу погонот за електролиза се загадени 20 пати над соодветната холандска интервентна вредност, а максималните дози во почвата се дури 98 пати над интервентната граница. Се претпоставува дека по затворањето на фабриката, во погонот за електролиза останале околу 8 тони жива и сè уште се таму, а системот во кој се чувал течниот метал не само што не бил херметички затворен, туку пропуштал наоколу.

Се проценува дека олкаво количество на отровниот метал е доволно да се отруе цела Европа.