Несудената претседателка на САД, Хилари Клинтон се појави во епизоди од обновената ТВ комедија „Марфи Браун”, каде што се шегуваше за своите искуства со мејловите.

ТВ серијата „Марфи Браун“, која беше доста популарна 1990-те, почна повторно да се емитува по 20 години, на Си-би-ес каналот, а главната улога повторно ја глуми Кендис Берген.

– Не се плашам од напорна работа, квалификувана сум и подготвена уште од утре… Имам одредено искуство и со мејловите, вели Клинтон во разговорот за работа.

Клинтон ќе се појави и во „Госпоѓа секретарка“, чија петта сезона ќе ја има својата прва епизода на 7 октомври. Во серијата претходно се појавија и Медлин Олбрајт и Колин Пауел.