Двајца Шпанци се погрижија и ќе водат борба за прв Мастерс трофеј.
Давидович Фокина направи пресврт и го победи Зверев со 2:1, додека помладиот Рафаел Ходар беше поубедлив и не му препушти ниту еден сет на Медведев.
Ходар наметна свој ритам уште од самиот старт на мечот и го доби првиот сет со 6:3, а веднаш по крајот на истиот, побара медицински тајм-аут.
Шпанецот изгледаше доста исцрпено во оваа фаза од мечот и му дозволи на Медведев да се разигра, но набрзо успеа да живне и со нов брејк ја врати предноста.
Ходар со 6:4 не дозволи компликации и полесно од очекувањата го победи Медведев, па сега во дуелот со сонародникот Фокина ќе се бори за најголема титула во кариерата, исто како што ќе биде случај и за Давидович.




