Прашање на време е кога Артан Груби ќе си оди дома, изјави синоќа поранешниот министер за земјоделство, Арјанит Хоџа.

Тој синоќа беше гостин во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21. Хоџа, генерален секретар на Движењето Беса и ексминистер, коментирајќи ја неговата сегашна позиција како опозиција, го критикуваше првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби.

Додека ја слушаше неговата изјава дадена за време на кампањата, Хоџа рече дека само прашање на време е кога Груби ќе излезе на гласање, алудирајќи на заминувањето на Владата на ДУИ.

На прашањето на водителот околу тоа кога ги гледа следните избори, Хоџа одговори дека очекува да бидат идната година.

– Во 2022 година гледам предвремени избори. Оваа Влада не е стабилна и таа е без легитимитет, рече Хоџа.