Европската унија замрза имот на иранската разузнавачка служба и двајца агенти откако Холандија го обвини Техеран за две убиства на своја територија и се приклучи на Франција и Данска во тврдењата дека Иран планира нови напади во Европа.

Тоа е првпат ЕУ да го санкционира Иран откако пред три години укина санкции за Техеран по потпишување на нуклеарниот договор со светските сили.

– ЕУ се договори за воведување санкции за иранската разузнавачка служба поради атентати на европско тло. Унијата испраќа силен сигнал дека нема да толерира такво однесување во Европа, напиша на Твитер данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен.

Холандија денеска јавно го обвини Иран за планирање како и за два извршени напада во 2015 и 2017 година во писмо до Парламентот во кое се заканува со дополнителни економски санкции ако Иран не соработува со европските истражители.

Иран негира какви било обвинувања во врска со нападите.