Во Хонг Конг денеска избија судири меѓу приврзаниците на Кина и демонстрантите кои бараат демократски реформи во оваа полуавтономна кинеска територија, јавија американските медиуми.
Стотина прокинески демонстранти во зионата Амоу, во густо населениот дистрикт Ковлун, ја пееја кинеската национална химна и вееја знамиња и извикуваа пароли со поддршка на матичната земја.
Опозициските демонстранти набрзо се собраа на истото место , а тензиите нараснаа кога двете групи почнаа да се обвинуваат меѓусебно, пренсуаваат американските медиуми.
Ситуацијата стана хаотична кога двете групи почнаа да си разменуваат удари, а полицијата интервенираше и приведе неколку лица.
Продемократските активисти во Хонг Конг планираат денеска да заземат неколку шопинг центри, откако изминатата ноќ во текот на протестот формираа човечка верига и носеа светилки.