Најмалку 20 луѓе загинале синоќа во страшна сообраќајна несреќа во американската држава Њујорк.
Лимузината во која се наоѓале гости кои оделе на свадбена прослава налетало на минувачи во близина на продавницата за предмети за домаќинство Apple Barrel Country Side, популарна меѓу туристите во градот Скохери на околу 270 км од Њујорк.
Властите денеска не ги соопштија имињата на загинатите ниту детали за инцидентот. Истрагата на Националнииот одбор за безбедност во сообраќајот е во тек, а за денеска е планирана прес конференција, јавуваат американски медиуми.