Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро синоќа бил примен в болница поради болки во стомакот и веднаш се започнати испитувања за да се утврди дали е неопходна операција, изјави докторот на шефот на државата, Антонио Луис Маседо.

Бразилската ТВ мрежа „Глобо“ прикажа фотографии од Болсонаро како се спушта по скалите на претседателскиот авион по слетувањето во Сао Паоло, час и половина по полноќ, а потоа е префрлен во болницата „Вила Нова Стар“.

Болсонаро е хоспитализиран неколку пати откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во 2018 година.