Во втората половина на сезоната 2019/20 во Фудбалското првенство на Хрватска ќе се користи систем за видео-помош за судии (ВАР).

Оваа одлука беше донесена на состанокот на Извршниот совет на Хрватскиот фудбалски сојуз, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата.

Трошоците за воведување на Вар се проценува дека ќе изнесуваат 1,5 милиони евра. Осумдесет отсто од оваа сума, односно 1,2 милиони евра ќе покрие ФИФА.