Хрватска е во транс. Нивните „огнени“ се во финалето на Светското првенство откако го совладаа големиот фаворит Франција. Откако сите помислија дека ќе немаат сили по трилерот со Унгарија, хратската репрезентација се надмина себеси.
Срна, Дувњак, Мараш, Шипиќ, голманот Кузмановиќ играа со многу памет, оставија срце на терен и резултатот 31-28 мораше да дојде. Kaко доказ за немоќта на Французите е тоа што не водеше ниту еднаш на мечот, а во првото полувреме на моменти губеа и со неверојатни 9 голови разлика.
На француските звезди вечерва не им беше денот, и само на средината на второто полувреме успеаја накратко да се доближат. Кузмановиќ му одбрани зицер на Ремили, Мен не можеше да погоди ниту од линијата за шест. Фабрегас ја држеше Франција колку-толку во живот.
Со оваа победа Хрватска е на чекор до светскиот трон, ќе го чека победникот од мечот Данска-Португалија.