Пратеникот во хрватскиот Парламент и член на Комисијата за надворешна политика Бојан Главашевиќ изјави дека во собраниското тело интензивно се разговарало за бранот бегалци од Украина и оти ставот на парламентарното мнозинство е крајно отворен за можноста да се примат повеќе бегалци од оваа земја.
Главашевиќ за хрватскиот портал Индекс изјави дека пред неколку дена имало проценка на меѓународните организации, која, како што вели, сега е застарена, а која предвидува нешто повеќе од милион бегалци, доколку дојде до конфликт.
„Некои други проценки што ги слушнав денеска зборуваат за многу поголема бројка, меѓу три и пет милиони. Искрено се надевам дека нема да имаме можност да дознаеме“, изјави Главашевиќ пред руската специјална воена акција против Украина.