Кај четворица вработени од Здравствен дом Скопје за два дена вчера и денеска било потврдено дека се заразени со Ковид 19, објави Канал 5.

Медицинска сестра од поликлиниката во Ченто и медицинска сестра од домашна посета, вработена на шалтер од поликлиниката во Чаир и возач на Брза Помош кој е без симптоми, но сам се пријавил поради ризичноста на работата. Медицинската сестра која била на домашна посета не била известена од заболениот дека има Ковид 19 и не носела скафандер. Виктор Исјановски директорт на Здравствен дом Скопје вели дека од сега без разлика дали некој е со Ковид 19 или не, поради лажните информации од страна на пациентите кои бараат домашна посета или брза помош вработните ќе бидат облечени во скафандери.

Полклиниката во Чаир и останатите домови ќе продолжат со работа, потврдува Исјановски. Во мал дел од заболените со Ковид 19 се со потешка форма на боледување, најчесто луѓето кои имаат други хронични заболувања. Од клиниката за ендоркинологија со препорака лицата со дијабетес навреме да се обезбедат со лекови и материјали. Кај овие луѓе кои се заразени со вирусот може да дојде до влошување на гликемиската контрола веднаш да се јават кај нивниот лекар, да не заминуваат веднаш во болница. Владата на синоќешната седница ја усвои уредбата за интервнтна набавка на 200 респираторни машини.