„Оставка за Заев, слобода за народот“! Под оваа парола како минативе денови, така е денес излегоа граѓаните на протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред Владата и пред министерствата за правда и надворешни работи, низа функционери му испратија пораки на Заев и на СДСМ.
Пораките кои се испраќаат на овие протести се дека Заев мора да си поднесе оставка бидејќи тргува со македонскиот идентитет, а тоа народот нема да му го дозволи.
Јелена Жугиќ на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ кој се одржа пред Министерство за надворешни работи зборуваше за целата ситуација која и се случува на Република Македонија во врска со Бугарија.
Според неа за се виновен е Зоран Заев.
-Кој си ти да уриваш, што ти си изградил за да уриваш каков изрод си ти, една дупка да отвориш и цела дупка паѓа. Наше е да го поправеме наследеното, не да менуваме, ги знам јас тие кои те натераа да го правиш ова и тие не доаѓаа да видат кој сме туку да покажат кои се тие. Се сеќавам кога се роди син ми, јас си помислив „Господе, ова дете нека го сочува овој наш свет дом“, ама не излезе така, не ни е Европа виновна, Европа може да зборува што сака ние не мора да и веруваме, верност немаме кон себе, не се сеќаваме на минатото, не се сеќаваме на иднината, а иднината е во наши раце, рече таа.
Жугиќ во своето обраќање укажа дека за историјата, културата и културното наследство нема компромис и потенцира дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик.
-Да ви кажам нешто и за Македонците, тие се трудољубив, образовани и снаодливи, тие не се тврдоглави ни вообразени и знаат за мерка во се, за секоја тешкотија сакаат мирен и споразумен пат да најдат, умеат да чекаат и да гледаат. Доста се тие лаги и злоба. Не за компромиси со историјата, ние сме Македонци и говориме на македонски јазик. Македонскиот јазик, и култура и културното наследство имаат вековна традиција, додаде таа.
.
Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните им заблагодари што и денес дојдоа за да се обранат националните интереси кои што Заев и Владата ги распродаваат.
-Дојде еден човек кој се што нашите предци твореле да уништи. Дојде еден нечовек, дојде еден немакедонец, дојде Заев кој сака се да уништи. Нема да дозволиме Заев да ни ја менува историјата во учебниците. Наша е таа историја, не е негова да си прави што сака. Оваа историја ја создадоа нашите предци, ние ја создаваме заедно, а не некој Заев или пак некои лица од Бугарија да ни ја раскажуваат како што ним им се допаѓа, истакна Стаменковска Трајковска.
Стаменковска Трајковска нагласи дека имаме богата земја со историја, таа земја треба да се негува и чува. Но за жал дојде еден човек кој што сака се да уништи она што генерации и генерации граделе и се бореле.
-Ние денес овде градиме историја и нашите деца нека раскажуваат за тоа како сме се бореле да си го зачуваме македонското богатство“, рече Стаменковска Трајковска.
Стаменковска Трајковска посочи дека македонскиот народ нема да дозволи некој Заев да уништува она што го граделе нашите предци. Зар поради Заев нема наставниците да ги учат децата на вистинската македонска историја, тоа не треба да дозволиме, затоа ние сме генерација која што ќе се спротивставиме на Заев и ќе кажеме НЕ. Нема да дозволиме да останеме без јазик, историја и идентитет.
.
Тони Менкиноски од ВМРО-ДПМНЕ денес на протестот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред министерство за правда на граѓаните им порача дека не треба да се дозволи Заев да тргува со националните интереси и со правата на македонските малцинства во другите земји.
„Ние имаме квинслинзи во нашите редови, имаме луѓе кои сакаат да се откажат од она што не немаат право да преговараат и да го продаваат“.
Менкиноски додаде дека не треба да се дозволи на Заев да води анационална политика. Правата на Македонците во соседството треба да постојат, не може Заев да си игра со животот на овие луѓе. За оваа слобода има бројни херои кои го дале својот живот и гинеле по затворите.
„Пораките денеска кои што ние ги кажуваме се истите, оставете не нас Македонците, оставете не сами да си ја кроиме нашата судбина. Не дозволувајте одредени антиевропски сили да не избришат. Оставете не нас Македонците како и секогаш да си ја кроиме својата судбина. Македонија е на Македонците“, порача Менкиноски.
„Како не им е срам на тие што преговараат, како немаат чувство на одговорност да се откажуваат од правата на Македонците во соседството“, запраша Менкиноски.
Менкиноски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за правата на македонските малцинства во соседните земји, бидејќи тоа права треба да се чуваат и негуваат.
Пратеникот Игор Јанушев од протестот пред македонската Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на учици во одбрана на Македонија од неправдите и зулумите кои му ги прави криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја.
-Човекот кој што ја има окупирано фунцијата Премиер е докажан криминаалец со судски постапки, аболициран, помилуван. Истиот тој човек распродава се, преговараат за Гоце, за државата, за се што е македонско. Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото, истакна Јанушев.
Од пред влада пратеникот Јанушев им порача дека правдата знае да биде бавна, но не и слепа и дека за сетоа ова зло што им го прават на Македонија и на македонскиот народ, ќе се најдат онаму каде што заслужуваат, пред лицето на правдата.
-Единствениот стандард кој што го воспоставие во овие неколку години нивно владеење е само крадење и лажење. Единствената вредност за која што знаат да зборуваат е како да прифатиме нечии други вредности, заборавајќи на нашите традиционални македонски вредности, за оние вредности кои што генерации и генерации се бореле, рече тој.
Да, сакаме во Европа, сакаме во Европската унија, но европските вредности, вели Јанушев, се демократија, владеење на правото, борба со корупцијата, а за сите овие работи овие во Влада преставуваат антипод на тие вредности.
Тој ги повика сите граѓани да се придружат на секојдневните протести, затоа што еден единствен човек е непријател на Македонија и македонскиот народ и и на сите оние кои што живеат во Република Македонија, тој човек има име и презиме и се вика Зоран Заев.
Време е, порача Јанушев, да си ја вратиме државата во рацете на народот.