Италија денеска го зголеми безбедносното ниво на највисок степен. Одлуката е донесена на денешниот Совет за национална безбедност, по нападот во Москва, за кој одговорност презеде Исламска држава.

Зголемената безбедност се воведува и пред обележување на Велигден овој викенд.

– Ќе се засилат и надзорот и проверките, при што најголемо внимание ќе биде насочено кон местата каде што се собираат или поминуваат најголем број луѓе, што ги прави ранливи цели, се посочува во соопштението на италијанското Министерство за внатрешни работи.

Претходно и Франција го зголеми безбедносното ниво. Францускиот премиер Габриел Атал изјави дека фактот што ИД презела одговорност за минатонеделниот напад во Москва, при што загинаа 133 лица, а повеќе од 100 се повредени, ја оптоварува неговата држава.