Поетот Дарко Лешовски со песната „Преживување“ од македонскиот писателски гениј Блаже Конески на еден сликовит и драматичен начин ја опишува катстрофата со престанокот на важењето на патните исправи со името Република Македонија за граѓаните на нашата држава.

– Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува! Ни помагало нешто, нè крепело нешто, некаква смешка, некаква површност, – и по сето тоа во нас некаква надеж, некаква желба, некаква скриена смисла безрасудно пак изртува,- се вели во песната на Конески, што ја објавува Лешоски.

Лешоски е македонски поет од новата генерација кој беше еден од најгласните поддржувачи на Шарената револуција и поранешен член во кабинетот на Зоран Заев, креаторот на Преспанскиот договор заради кој се случи ваквиот хаос со парните исправи.