Во два одвоени самоубиствени бомбашки напада во Авганистан загинаа најмалку 34 луѓе.

Во самоубиствениот напад врз воена база во провинцијата Газни, источен Авганистан загинаа 31 војник, а повредени се 24 откако напаѓачот со автомобил полн со експлозив ја нападна воената база.

Бомбаш-самоубиец нападна конвој на локалните власти од Зубаија, јужен Авганистан, при што загинаа најмалку три лица, а повредени се 12, меѓу кои има и деца. Претсавникот на локалните власти е полесно повреден.

За сега никој не презеде одговорност за нападите.