Шведскиот интернационалец во редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ, по синоќешната победа над Јувентус, смета дека, доколку бил во тимот од почетокот на сезоната, сега ќе беа на врвот.
Ибрахимовиќ постигна еден гол во триумфот над Јуве со 4:2.
– Јас сум стар, тоа не е тајна! Но, возраста е само број. Работам добро, добивам време за играње. Се чувствувам добро и да бидам искрен се трудам да му помогнам на тимот. Да бев тука од првиот ден во сезоната, ќе го освоивме Скудето, изјави Ибрахимовиќ.
Триесет и осумгодишниот Швеѓанец во Милан дојде на почетокот од 2020 година, откако претходно од 2018 година настапуваше во САД за Лос Анџелес галакси.