Ицо Најдовски Перин, Македонец кој живее и работи во Австралија, денеска со јавноста сподели дека без никаков проблем преку онлајн системот на Државниот завод за статистика ја попишал својата мајка која е почината.

Почитувани Македонци ќе се обидам да илустрирам а со тоа да докажам дека пописот не е валиден и не е легален. Имено, на овај попис може да се попишуваат и починатите лица кои се во странство. Следете ме и коментирајте и кажувајте и ваши примери дека пописот е договор на Заев со Ахмети за распределба на парите и зголемување на бројот на Албанците, објави Најдовски.

Тој во објавеното видео практично покажува како ја попишал својата покојна мајка.

Ицо Најдовски Перин е уредник и водител на програмата на македонски јазик на Радиотo 3ZZZ кое емитува програма за Македонците во Мелбурн.

Неговата објава фактички покажува каков фалсификат ќе се случува на пописот во „Северна“.