Игор ЈУГ

Нешто за пописот, затоа што гледам бргу го заборавивте и се вративте на воената тактика и стратегија во врска со руско-украинската војна.

Кога може на една мала етничка заедница како на нас Хрватите да ни украдат 50 отсто од населението и, од повеќе од 4 000 лица да не сведат на 2 125, знаете ли колку украле од поголемите етнички заедници, а колку од македонскиот народ?

Ама гледам и кај Македонците, како и со името и со Уставот и со се’ од круцијално значење за нацијата и државата, се се’ одвиваше без проблеми!

По милионитти пат ги ставивте вашите национални интереси на последно место, а пред нив се најдоа Зелински и Путин и изборите во Унгарија и Србија. Да не беше тоа, Ковидот и вашето широко познавање на светот на вирологијата и штетноста на вакцините веројатно ќе беа пред резултатите од пописот.

Луѓе во кој филм живеете?

Ја изгубивме државата, вие ќе го изгубите идентитетот и се’ национално, а сепак мува не ве лази, па се занимавате со светски кризи и избори во туѓи држави. КАДЕ ВИ Е НАЦИОНАЛНАТА СВЕСТ?

За 10 години ќе станетш малцински народ во сопствената држава, а прашање е дали воопшто ќе ве сметаат за народ!

Што правите за тоа? Анализирате што прави Путин во Украина и пет дена им честитате на Орбан и на Вучиќ!

Вие изумирате како народ, додека сте возбудени за луѓе кои не ги интересираат, ниту нивна должност е да ги водат вашите битки…

Мене ме болат 2 000 украдени Хрвати на списокот и да можам во овој момент, со уште најмалку 1.000 Хрвати (кои сигурно би ги собрал во овие 10 дена) ќе бев пред Владата на Република Македонија. Вас мува не ве лази за стотици илјади Македонци украдени од списокот!

Важно, вртите меѓународна политика!

Луѓе, ножот не е до коска, туку коска, туку коската е до половина пресечна, времето ви истекува, а вие дремете, седите дома и чекате некој друг да ви ја заврши работата.

Немој сега „Абе нема кој да не организира и води“! Како се организиравте за фудбалот?

Или фудбалот е поважен од иднината на државата и Македонците како народ?

Многу ве сакам, цел живот го поминав со вас, но почнав да не ве сфаќам. Толку ли не ви е гајле што Куртовци и Муртовци ви ја заебаа државата и што ве гасат како народ во сопствената татковина?

Ве продаваат за кило, додека го оправате Мариопол и се воодушевувате од суверенитетот на Орбан!

Имав толку многу да ти кажам!

Ова го напишав затоа што ве чувствувам како мои, затоа што пораснав со вас, затоа што никогаш не сум се чувствувал потценет и понижен затоа што не сум од вас, отсекогаш сум ви бил како брат.

Ова нека биде потсетување дека: „ЛУДИОТ ХРВАТ БЕШЕ ДОБАР, НО НЕМАШЕ КОЈ ДА ГО СЛУША!“