Секојдневно примаме разни пријави од граѓани, а имавме случај кога директор сам себе си се поставил за советник. Се чудевме што се се прави за да се изиграат закони, изјави Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупција.

-Она што го направил како директор е дал оставка, согласно законот за ЈП градоначалникот именувал в.д од редот на вработените. Објавен е оглас за вработтување на административен службеник, директорот си се јавил, исполнувал услови, имал образование, имал квалификации согласоно работното место за стручен соработник, објаснува Николовска во Утрински брифинг.

Николовска натаму ја објаснува играта со народните пари, директорот и градоначалникот:

– Се пријавил и в.д директорот кој го бира него за административен службеник. Кога завршува сета таа приказна, градоначалникот објавува оглас за избор директор, се јавува господинот административен службеник и бидејќи е единствен кандидат градоначалникот го бира него, вели Николовска.