Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди постави високи финансиски услови на Наполи, тврди „Калчомеркато“.

Аргентинецот побарал плата од 8 милиони евра годишно, што е проблем за вицешампионот на Италија.

Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте веќе изјави дека нема да смета на 26-годишниот Аргентинец во новата сезона.

Во минатата 2018/19, Икарди зеде учество во 37 натпревари во кои постигна 17 гола и запиша 5 асистенци