Дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер е импресиониран од интересот на Манчестер Јунајтед за него и е подготвен да се приклучи на тимот на Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Сити е исто така кандидат за неговиот потпис, а големата предност е дека „граѓаните“ ќе играат во Лигата на шампионите.

Сепак, 26-годишниот англиски репрезентативец е на пат да ги избере „црвените ѓаволи“ поради упорноста која клубот од „Олд Трафорд“ ја покажува во обид да го привлече, пишуваат на Островот.

Во Јунајтед, Хари Мегваер може да биде еден од големите лидери на тимот, а во Сити една од многуте ѕвезди.

На дефанзивецот останува да почека да се постигне компромис за трансфер – Јунајтед нуди 70 милиони фунти, а Лестер сака 80 милиони и досега не отстапува.