Италијанскиот гигант Милан официјално го објави своето второ засилување во новата сезона.

Се работи за босанскиот репрезентативец Раде Круниќ, кој пристигнува од Емполи за околу 8 милиони евра и добива договор за пет сезони.

Минатата сезона 25-годишниот играч од средниот ред зеде учество во 33 натпревари со 5 гола и 7 асистенции во Серија „А“.

Пред оваа зделка, Милан го привлече Тео Ернандез за 20 милиони евра од Реал Мадрид, а наскоро на „Сан Сиро“ го очекуваат алжирскиот репрезентативец Исмаил Бенасер, кој исто настапуваше за Емполи.

Во моментов, Алжирецот е со својот национален тим на Купот на нации во Египет