Вашиот омилен инфлуенсер потрошил 22.435 денари за 24 часа, на 16 април, за фејсбук реклами, за да ве убедува дека е многу јак, спремен, паметен, вреден и успешен – 366 евра за еден ден, објави водителот Богадан Илиевски за рекламирањето на премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.
– Парите со кои некои луѓе минуваат цел месец ги троши во еден ден. На фејсбук реклами. За да ви каже дека е толку добар што сите тоа го гледаат и го знаат. 2.452 евра за една недела. 9.855 евра за еден месец. 23.162 евра за три месеци. Имајте на ум кога купувате макарони поевтини за 4 денари. Патем, платата му е/беше 1.500 евра. Сега со 78 отсто покачување, можеби ќе почне и по 500 евра на ден да троши. Има се, може се, објави Илиевски на својот профил на Фејсбук.
Тој во фуснота на објавата додава дека „податоците се од Мета/Фејсбук“.