Албанскиот претседател Илир Мета на попладневната прес-конференција искажа сериозни обвиненија дека во округот Корча на „лица со рекордни криминални досиеја им се издавале лични карти со имиња на обични граѓани, пред се припадници на малцинствата“, македонскиот весник Илинден во Албанија.

Во областа Корча, на граѓаните со криминално досиеја им се дадени лични карти со податоци на други лица. Вакви документи за идентификација им се издавани на странски и албански граѓани. Оваа мрежа е откриена од други земји и претставува скандал во Македонија. Албански граѓани ги украле личните податоци на македонски државјани без нивно знаење. Неколку државни службеници и полицајци се уапсени во Македонија, каде е истрагата е во тек, рече Мета.

Тој ги повика сите службени лица да бидат внимателни, а лицата со лажен или украден идентитет да не се појавуваат на избирачките места на 25 април. Апелирам до сите службеници да внимаваат да не се појавуваат на избирачките места со лажни или украдени документи за идентификација или со употреба на документи на други гласачи.

Побарав од обвинителството и Централната изборна комисија веднаш да ја започнат истрагата со преземање мерки за оваа незаконска криминална активност без нарушување на интегритетот на изборниот процес, порача тој. Предупреди дека „кој ќе се обиде да го загрози гласот, ќе се најде во затвор“. Оправдувањата не се прифаќаат. За злоупотребите не и не, рече Мета.