Илузија која се состои од виолетови и жолти шестоаголници е најнова сензација која ги забавува луѓето на социјалните мрежи.

Не можат да забележат дали предметите се лево или десно, дали се движат или не.

Авторот на оваа илузија е јапонски професор по неврологија Јамамото Хашима, кој ја стровил за да го тестира нивото на стрес кај луѓето.

„Ако не се движи или малку се движи, вие сте здрави и добро сте спиеле“, стои во описот. Ако илузијата „постојано се движи“, тоа би можело да значи дека сте под голем стрес.