На компанијата Плантажи од Црна Гора, за берба на винско грозје на Ќемовско поле и требаат од 800 до 900 сезонски работници од август до крајот на септември, изјави директорот Душан Канкараш.

Тој потенцира дека бербата ќе започне порано поради поволните климатски услови.

-Еден дел од лозјето од 700 хектари ќе го береме со машини. Имаме самооден комбајн што менува 150 работници и два влечени, кои менуваат 100 работници, но не загрижува дека останатите 900 не можеме да ги најдеме во Црна Гора. Веќе почнавме да се јавуваме во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, истакна Канкараш, додавајќи дека условите за сезонци се добри.

Тој истакнува дека просечната плата варира од 15 до 20 евра на ден,  обезбедени се два оброка, а луѓето кои доаѓаат од странство им се плаќа автобуски билет.