Хрватскиот туризам, но и други гранки зависат од увозна работна сила заради што владата минататa недела речиси ја удвои поранешната квоата од увоз на 4660 работници, пишува Јутарњи.

Но, како што додава весникот, проблемот нема да се реши без комплексни мерки кои долгорочно ќе ја регулираат исленичката политика, сметаат домашни експерти.

Во Хрватската стопанска комора (ХСК) проценуваат дека во текот на оваа турситичка сезона за работа во секторот на турзимот се потребни 15.000 – 20.000 работници. Според податоците на ЀХрватскиот завод за вработување, во првите четири месеци на годинава најмногу биле барани работници цо дејностите кои нудат сместување, подготовка и служење храна, како и дејности во трговијата на големо и мало.

Барани се 16.373 работници, главно келнери, продавачи, собарки, кувари, работнички во кујна, рецепционери и туристички аниматори.