Американскиот претседател Доналд Трамп смета рефлектирачкиот базен пред Споменикот на Линколн бил намерно вандализиран и рече дека полицијата истражува додека администрацијата се обидува да ги реши проблемите што се појавија само неколку дена по завршувањето на реновирањето вредно речиси 15 милиони долари.

„Имавме сериозни проблеми со вандализам во прекрасниот рефлектирачки базен“, напиша Трамп доцна навечер на социјалната мрежа Truth Social.

„75 проценти од алгите исчезнаа, а ситуацијата наскоро ќе биде целосно санирана. За среќа, вандализираната област покрива само мал дел и ќе биде поправена на почетокот на следната недела“, објави тој.

Објавата дојде еден ден откако синиот материјал на дното на базенот почна да се лупи. Рефлектирачкиот базен беше обоен во сино и повторно полн со вода во последните недели како дел од скапото реновирање нарачано од Трамп.

Претседателот го поврза наводниот вандализам со мистериозното пишување на бројот „8647“ на тревникот на Националниот мол неколку дена претходно.

„Исто како што ја уништија тревата пред базенот пред три дена, тие направија сè што можеа за да ја оштетат новата внатрешна површина што штотуку беше инсталирана. Исто како што користеа хемикалии на Националниот мол, тие користеа нешто слично во рефлектирачкиот базен за да ја уништат и омаловажат нашата прекрасна работа“, рече Трамп.

Броевите „4“ и „6“ беа тешко видливи на почетокот, но сега се издвојуваат многу појасно. Министерството за внатрешни работи на САД брзо реагираше на инцидентот минатата недела, а портпаролот го нарече чинот „бесен вандализам“.

Реновирањето на рефлектирачкиот базен првично беше проценето на 1,8 милиони долари. Сепак, според резимето на договорот доделен од Министерството за внатрешни работи на „Атлантик индустриал коутингс“, цената на проектот е 14,7 милиони долари.

Во својата објава, Трамп  ги нагласи проектите за разубавување на Вашингтон, кои претставуваат еден од главните приоритети на неговиот втор претседателски мандат, и ги критикуваше демократите што не го обновиле базенот порано.