Шума и стан во Албанија, шума, куќа и големи парцели земјиште во Струга, се само дел од имотот што го поседува струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој од вчера е на црната листа на САД поради корупција.

Стејт департментот му забрани влез во САД поради вмешаност во голема корупција и мешање во судски и други јавни процеси, со што нанесол штета на демократските процеси во Македонија.

Освен Мерко, на црната листа се и неговата сопруга Шпреса и трите нивни деца Генц, Назмије и Дренуше на кои од 20 јуни им е забрает влез во Соединетите Американски Држави.

Што се пријавил Мерко како свој имот може да се види од табелата на Државната комисија за спречување на корупција, која може да ја отворите ТУКА.