Денеска почина првиот и единствениот министер за спорт во Република Македонија, Георги Боев.

Тој беше министер за спорт во кабинетот на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски во 1998 година.

Боев беше редовен професор на Факултетот за физичка култура на катедрата по гимнастика.

Погребот ќе се изврши утре, 30 октомври, во 11 часот на градските гробишта во Охрид.