Професор д-р. архитект Јован Стефановски Жан, почина вчера на 71-годишна возраст.

Тој беше автор на многу објекти во државата и странство. Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот објект на МНТ и преку 550 други објекти во Македонија и светот.

Професор на повеќе универзитети во Македонија како и во странство, добитник на многубројни награди и признанија во Македонија и надвор.

Погребот ќе се изврши утре на градските гробишта во Бутел од 11 часот.