Прерано си замина уште еден македонски патриот и познат активист на социјалните мрежи. Почина Кристијан Јандриоски од скопско Ѓорче Петров, на кого Македонија му беше во срцето и на вчерашната прослава на неговиот 50-ти и, за жал, последен роденден.

Пријателите, соработниците, познаниците со неверување ја примаат веста за ненадејната смрт на еден од најнароднидните, најширокогради и достоинствени родољуби кои што Македонија ги имала во последно време.

Кристијан Јандриоски во текот на вчерашниот ден само што го прослави својот 50 роденден за денес да се случи ова.

Негова последна јавно споделена роденденска желба на социјалните мрежи беше:

„Боже чувај ја Македонија🙏. Тоа е мојата денешна роденденска желба. Да сте ми живи и здрави и сите вие“.

Бог нека му го осветли патот во рајот и во вечноста на овој македонски патриот, од каде сигурно ќе зрачи со небесна светлина кон ова парче македонска земја.