Легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски Буштур загина ноќеска во сообраќајна несреќа.

Веста од свои извори ја објави 24 Инфо, а според неофицијални информации несреќата се случила во Кисела Вода, кај сервис „Скендеровски“.

Георгиевски управувал автомобил и поради лизгавиот коловоз излизгал и удрил во бетонските блокови покрај патот над сервисот.

Тој починал на самото место. Полицијата во моментов врши увид на местото, а сообраќајот е блокиран.

Повеќе детали очекуваме во текот на денешниот ден.

Георгиевски играше за Работнички и повеќе пати бил во најдобриот тим на кошаркарската репрезентација на поранешна СФРЈ.

Роден е во 1950 година, својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Георгиевски стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите.