Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи во близина на воена база (РАФ Фаирфорд) под сомнение за подготовка на напади со експлозив. Воени експерти проверија неколку возила откако беа заострени безбедносните мерки во британската воздухопловна база Ферфорд, што ја користат американските воздухопловни сили.

Британската влада им дозволи на САД да ја користат базата во југозападна Англија за да ги нападнат иранските ракетни локации поврзани со нападите врз бродови во Ормуската теснина.

Полиција го блокираше пристапот до главниот влез во базата. Околу 30 возила на службите за итни случаи, вклучувајќи полициски автомобили, амбулантни возила и противпожарни возила, беа стационирани во блиското село Ферфорд.

„Неколку имоти во областа Велфорд моментално се евакуираат откако беше пријавен сериозен инцидент, соопшти полицијата во Глостершир. Велфорд се наоѓа во близина на воздухопловната база. Тим за деактивирање бомби на британската армија проверува неколку возила.