Nнциденти се случија синоќа пред концертната сала во Солун каде што се одржуваше манифестација за одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот на која присуствуваше грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кога група граѓани кои протестирале против Договорот од Преспа се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, јави  МИА од Атина.

Според локалните медиуми, насобраните граѓани, со грчки знамиња извикувале слогани против Договорот од Преспа и против грчкиот претседател, но и дека „Македонија е грчка“.

До инцидентите дошло кога групата демонстранти се обидела да се доближи до влезот на салата, но била спречена од полицијата која употребила солзавец и шок бомби.

Според солунските медиуми, грчкиот претседател, во концертната сала влегол од заден влез.

Полицијата привела две лица.