Најмалку 12 верника загинаа, а 14 се повредени денеска во стампедо во хиндуистички храм во Кашмир, соопшти полицијата.

– Дванаесет верника загинаа, а 14 се повредени во стампедо денеска во раните утрински часови во храмот Мата Ваишно Деви. Сите повредени се хоспитализирани, се наведува во соопштението на полицијата.

Трагичниот инцидент се случил кога огромен број верници, кои пристигнале да го одбележат почетокот на Новата година, влегле во храмот, а по расправија дошло до туркање, а потоа и стампедо, потврдија официјални претставници.