Во Индија во последните четири дена се регистрирани повеќе од 100.000 новозаразени со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 28.498 нови случаи, како и 553 починати.

Од почетокот на пандемијата, во Индија има 906.752 заразени, 23.727 лица починале, а 571.000 се оздравеле.

Во земјата до сега се извршени повеќе од 12 милиони тестови.