Индискиот пратеник Нарамали Сивапрасад ја шокираше јавноста кога во зградата на Парламентот влегол облечен како Хитлер.

67 – годишниот пратеник , инаку поранешен актер го облекол костимот на Адолф Хитлер за да протестира против одлуката на владата да и даде посебен статус на државата од која тој доаѓа , како и повеќе пари за економски развој.

Ова не е прв пат пратеникот да се облекува во костим за да го изрази своето мислење и да привлече внимание .

Претходно пратеникот од партијата , која до скоро беше дел од владејачката коалиција , се преправал во божество , во жена и духовен лидер.

Сите костими биле инспирирани од неправедниот однос на владата кон неговата држава. Вели дека се облекол како Хитлер зашто диктаторот никогаш не правел ништо добро за народот , а ист таков е и индискиот премиер Нарендра Моди.