Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зборуваше за своите планови за организација на Светското првенство, како и Светското клупско првенство.
– Ние сакаме поздрав фудбал, со помалку дискриминација и поголема конкуренција. За да го постигнеме ова, мора да го разгледаме целиот календар. До 2024 натпреварувачкиот календар е дефиниран. После тоа, ќе составиме сè одново. Мојот сон, нашата идеја, филозофија е да имаме 50 репрезентации кои ќе се борат за трофејот на Светското првенство, како и 50 клубови од целиот свет, кои ќе конкурираат за насловот светски клупски шампион, изјави Инфантино.
Останува да се види реакцијата на клубовите, посебно оние поголемите, кои често се жалат на згуснатиот натпреварувачки календар и премореност на фудбалерите.