Андрес Иниеста дебитираше во јапонскиот шампионат, но неговиот клуб Висел Кобе на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0:3 од Шонан.

Иниеста влезе во игра во 59-та минута при резултат 0:2, но не успеа да внесе промена во лошата игра на неговите соиграчи и до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Дебито на шпанскиот фудбалер беше поздравено од присутните гледачи во Кобе со стоечки овации.