Организаторите на Летните олимписките игри во Токио 2020 ги претставија официјалните маскоти.

По анкетата спроведена во основните училишта во Јапонија, учениците одлучија тие да се викаат Мираитова и Сомеити.

Станува збор за ликови со футуристички изглед, кои според организаторот се комбинација на традицијата и иновацијата.

Маскотите ги изработи јапонскиот уметник Рио Танигучи.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година.