По веста која се појави утринава дека Конте е нов тренер на Интер, навивачите на Јувентус покренаа петиција со барање неговото име да биде отстрането од легендите на клубот.

Јувентус на своите легенди им оддава почит преку истакнување на нивните имиња на ѕвезди на стадионот. Тука е и името на Конте, а дали ќе остани неговата ѕвезда ќе видиме.

За многу кусо време петицијата на навивачите ја потпишале преку три илјади лица.

– Конте беше сакан капитен кој играше со срце. Подоцна стана тренер и го освои Скудетото. Неочекувано си замина два дена пред почетокот на новата сезона. И покрај таа неубава работа остана наша легенда. Сега го презема Интер, тоа не може да му се прости, велат навивачите на Јувентус.

Тие во петицијата додаваат дека Конте отишол во клуб каде работат луѓе кои на Јувентус му го украле Скудетото.

Конте има одиграно преку 400 натпревари за Јувентус и освоено пет шампионски трофеи во Италија и една во Лигата на шампионите, а како тренер освои три Скудета.