Словенија привлекува со академска извонредност и иновативни пристапи во учењето и истражувањето
На кои вредности се базира словенечкиот систем на високо образование кој привлекува многу студенти од други држави?
Словенечкиот систем на високо образование се темели на неколку клучни вредности кои ги привлекуваат студентите од другите држави. Тоа се високо ниво на академска извонредност, меѓународно призната диплома, иновативни пристапи во учењето и истражувањето и сеопфатен развој на студентот како единка. Посебно се истакнува академската слобода, интердисциплинарниот пристап на образование и поврзувањето на теоријата со праксата, што овозможува студентите да стекнат релевантни и применливи вештини за глобалниот пазар на труд.
Што значи „висок квалитет“ на образование од перспектива на професор на Факултетот за општествени апликативни студии во Нова Горица?
Од перспектива на професор на овој факултет, висок квалитет на образование подразбира неколку аспекти. Прво, ангажирање и интеракција меѓу професорите и студентите преку динамични и интерактивни методи на поучување. Второ, обезбедување пристап до најновите истражувања, со што студентите се оспособуваат за практична примена на знаењето. Трето, континуирано унапредување на курикулумите на основа на повратни информации и најновите трендови во областа на применетите студии.
На кој начин е можно студентот да живее во својата земја, но сепак да студира на ФУДШ? Како технологијата помага во остварување на оваа цел?
Секако, Факултетот користи различни современи облици на информациско-комуникациска технологија (пример, онлајн училница и друго што на студентите им овозможува да следат настава, да учествуваат во дискусии и да извршуваат задачи без физичко присуство во Словенија). Епидемијата Ковид 19 донесе многу промени во нашиот живот, вклучувајќи достапност на образованието преку ИКТ ресурсите што е посебно корисно за тие кои сметаа дека немаат доволно време за студирање. Факултетот за применети општествени студии нуди надстандарден пакет Studij + кој овозможува сигурно и непречено студирање. Овој пакет овозможува усогласување на студиските, фамилијарните и работните обврски, намалување на трошоците за доаѓање на факултет, следење на предавања и полагање испити онлајн (Zoom, Moodle), годишен пристап преку снимки од предавањата и вежби, како и полагање на испити на далечина. Ова овозможува студенти од различни делови од светот да стекнат квалитетно образование и диплома од нашиот факултет додека живеат во својата земја.
Како ги прифаќате различните култури, традиција, начин на учење кај вашите студенти. На кој начин ги обединувате различните индивидуални вредности?
Нашиот факултет, со чест, ги прифаќа и слави сите различни култури, традиции и начини на учење на нашите студенти преку партиципативен и личен пристап кон образованието. Долгорочното искуство во работата со странските студенти, посебно од земјите на поранешна Југославија и други земји, свесни сме за важноста на интер-културниот дијалог и разбирање. Повеќе од 20% од нашите студенти доаѓаат од странство, што е значајно над просекот во Словенија.
Нашите методи на подучување ги прилагодуваме за да може да ги уживаме различните стилови на учење и да понудиме поддршка на студентите преку менторство и советување. Исто така, организираме случувања и активности кои промовираат културна различност и меѓусебно почитување меѓу студентите. Овој пристап овозможува создавање на инклузивно опкружување кое е богато со различности и каде секој ученик се чувствува добредојден и поддржан.
Што значи да се има словенечка диплома во ЕУ и во светот?
Да имате словенечка диплома, посебно од Факултетот за општествени апликативни студии во Нова Горица, значи да бидеш препознаен по високиот стандард на образование и во ЕУ и во светот. Нашите дипломи се меѓународно признати, што овозможува дипломците успешно да се натпреваруваат на глобалниот пазар на труд. Освен тоа, дипломците од нашиот факултет стекнуваат компетенции и вештини релевантни и ценети во различни професионални контексти, што отвора бројни можности за кариера и понатамошен академски развој во Европа и во светот.