Рускиот претседател Владимир Путин даде интервју за државната телевизија Русија 1 во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, во кое ја оцени состојбата во енергетскиот сектор и зборуваше за причините за глобалната криза со храна.

Путин рече дека „по почетокот на специјалната операција во Украина, САД и Европа почнаа да преземаат чекори што ја влошија ситуацијата во прехранбениот сектор и производството на вештачки ѓубрива“.

„Во истите Соединетите Американски Држави, финансиските и економските власти не најдоа ништо подобро од тоа да го следат патот на инјектирање големи суми пари за поддршка на населението и поддршка на одделни бизниси и сектори во економијата“, рече тој.

Според него, сега има обид одговорноста за тоа што се случува на пазарот за храна да се префрли на Русија, но тоа е обид „од болна глава да се префрли на здрава“.

Путин додаде дека е убеден дека ситуацијата со ѓубривата ќе се влоши поради санкциите, а цените на храната ќе продолжат да раснат.

Според негови зборови, сега се прави обид за префрлување на одговорноста врз Русија за случувањата на пазарот на храна и се работи за обид за „префрлување од болна глава на здрава“.

Рускиот лидер ги нарече блеф изјавите дека Москва наводно го спречува извозот на украински житарки и ја истакна подготвеноста да се зголеми извозот на пченица на 50 милиони тони. Тој го повика Киев да ги исчисти мините од територијата под негова контрола за безбеден извоз на жито и нагласи дека Русија нема да ја искористи оваа ситуација за да организира напади од море.

„Гарантираме мирен премин без никакви проблеми. Тие мора да ги исчистат мините и да ги подигнат бродовите од дното на Црното Море што ги потонаа за да го отежнат влезот во пристаништата на југот на Украина“, рече Путин.

Тој исто така изјави дека „има десетици странски бродови во украинските пристаништа, чии екипажи се уште се држат како заложници“. Тој уште еднаш ја изрази својата подготвеност да обезбеди мирен транспорт на жито и безбедно влегување на бродовите во Азовското и Црното Море.

„Веќе ја завршуваме работата на деминирање. Украинските војници таму поставија мини во три слоја. Работата е завршена, ќе ја создадеме потребната логистика“, рече тој. Путин додаде дека украинското жито може да се извезува и преку Дунав, Полска, а најевтиниот начин е преку Белорусија, но дека за тоа треба да се укинат санкциите.

Што се однесува до енергетската криза, Путин рече дека токму кусогледата енергетска политика на европските земји доведе до актуелната криза.

„Банките престанаа да даваат кредити бидејќи се под притисок, осигурителните компании престанаа да обезбедуваат релевантни трансакции, престанаа да им даваат земјиште на локалните власти за да го прошират производството, ја намалија изградбата на специјализиран транспорт, вклучително и цевководи, сето тоа доведе до недоволно инвестирање во глобалниот енергетски сектор,а како резултат на тоа има пораст на цените“, рече тој.

Путин додаде дека „Европејците не ги послушаа итните барања на Русија за одржување на долгорочните договори за снабдување со природен гас, што имаше негативно влијание врз енергетскиот пазар“.