Воени авиони на американските сили исфрлиле 40 тони експлозиви на мал остров во северниот дел од Ирак за да уништат позиции на Исламска држава, објави британски Телеграф.
Авиони Ф-15 и Ф-35 биле користени во заедничка операција на силите на САД и на Ирачките антитерористички сили. Цел на бомбардирањата бил малиот остров Канус во реката Тигар.
Според американската армија, биле исфрлени 36.000 килограми експлозиви.
Островот бил користен како скривалиште на борци од ИД кои ги загубиле териториите во Сирија и во Ирак. И покрај тоа, џихадистите контролираат се уште мали реони во Ирак.