Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот напад извршен за време на воена парада во Иран, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а 53 се повредени.

– Џихадистите на ИД ја нападнаа воената парада во градот Ахваз, се наведува во соопштението на џихадистичката група.

Според локалните медиуми, двајца напаѓачи, кои биле зад бината почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот.

Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се повредени.

– Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се меѓу жртвите на нападот, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер.